Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Од:

Синдикалната организација на МАНУ информира дека штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ сè уште трае и повремено ќе се штрајкува и пред зградата на МАНУ.

-Раководството на МАНУ досега не презеде конкретни чекори и продолжи со игнорантски однос кон решавањето на проблемот со навредливо ниските плати и покрај ветувањето за одржување вонредна седница на Претседателството на МАНУ во врска со ова прашање. Повторно потенцираме дека проблемот со недостоинствено ниските плати на овие вработени не е возможно да се реши без измени во Законот за МАНУ во делот за плати, се наведува во денешното соопштение од Синдикалната организација на МАНУ.

Доколу и понатаму се игнорира овој проблем и раководството на МАНУ итно не преземе соодветни чекори, Синдикалната организација на МАНУ најавува дека ќе одржи прес-конференција на која подетално ќе ја запознае јавноста со причините за штрајкот и за насобраното повеќегодишно незадоволство кај овие вработени, а за што и усно и писмено се запознаени членовите на МАНУ.

Првпат во 56-годишното постоење на МАНУ, членовите на Синдикалната организација на Академијата, во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици, на 9-ти февруари годинава стапија во штрајк.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Административците во МАНУ во штрајк

Катерина Ѓуровски