Сè уште нема обвинение за возачот на „таурегот“ кој прегази момче кај Католичка

Од:

Шест месеци по сообраќајната несреќа во близина на Католичка црква, во која загина 16-годишниот Иван Билински, не е покренато обвинение против возачот. Од Основното јавно обвинителство одговораат со вообичаената формулација дека истрагата е во тек, додека семејството чека правдата да биде задоволена.

Таткото на Иван вели дека според неговите информации истрагата е во финална фаза и дека се чека обвинителниот акт.

– Како што знаеме комплетирана е документацијата, набавени се извештаите од судска медицина и чекаме обвинителен акт. Но, како да ви кажам, тоа се одолговлекува. Природно е да се сомневам во институциите кога дури три саати после сообраќајката беше извршен увид од јавен обвинител. Тоа е проблемот, ставете се во наша кожа и сфатете. Како што ни рекоа, доказите што ги имаме се доволни – вели тој.

Сообраќајната несреќа се случи на 15-ти номеври во 16 часот на булеварот „Иво Лола Рибар“ кога џип „туарег“, со скопски регистарски таблички, удрил во Иван додека поминувал на пешачкиот премин.

Семафорите трепкале жолто а Иван бил со неговите пријатели. Ударот бил толку силен што Билински бил буквално однесен и паднал на дваесетина метри подалеку. И покрај лекарските напори на КАРИЛ, тој им подлегна на повредите.

Десетина дена потоа од Јавното обвинителство рекоа дека против возачот на џипот, Џ.М., ќе биде поднесена криична пријава. Првиот јавен обвинител, Марко Зврлевски изјави дека возачот ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот. Сепак на осомничениот не му беше одредена мерка притвор.

Јавното обвинителство од месец во месец одговара на прашањата на „А1ON“ дека истрагата е во финална фаза.

„Надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ја финализираше истрагата. Во моментов трае увидот на одбраната во доказите во предметот, по што ќе следи релевантна одлука“, ни одговорија минатиот месец.

Пред неколку дена добивме сличен одговор:

„Предметот е во финална фаза, потребно е да се извршат уште неколку сослушувања, по што ќе биде донесена конечна јавнообвинителска одлука.“

Случајот со Иван допре до јавноста затоа што семејството немаше доволно пари да ги плати погребните трошоци, па хуманите граѓани помогнаа собирајќи пари во локалната продавница. Од истите причини државата му додели адвокат на семејството.

„А1ON“ се обиде да исконтактира со адвокатот за прашањето зошто се пролонгира толку обвинението, но тој дрско ги одби нашите прашања и ни забрани да контактираме со семејството.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски