Се уште не е прооден патот кон ски центарот Кожуф

Од:

Се уште не е прооден патот кон скиjaчкиот центар Кожуф, информираше денеска извршниот директор на центарот, Ангел Наков.

Центарот територијално припаѓа во кавадаречката општина, а и седиштето на компанијата која стопанисува со него е во Кавадарци.

– За жал, барем засега до центарот се стигнува само по патот од гевгелиска страна кој води преку месноста Смрдлива вода. Но и овој пат, веќе петти ден патот е непрооден поради свлечиште што донесе земја и карпи на патот, а на последните 8 километри од патот има и неисчистен снег од околу триесетина сантиметри, објасни Наков.

Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе се обидат пеш да стигнат до центарот заради основно одржување на објектите во него. Исто така изрази надеж дека во најскоро време патот ќе биде исчистен и прооден за да може до него да стигнат сите заинтересирани туристи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава