Се урива од Метропол до Пештани, дивоградбите повторно на мета

Од:

Правните и физичките лица кои не прифатиле да си ги отстранат дивоизградените објекти на плажите во Охрид, сега им ги урива општината. Пред туристичката сезона и напливот на туристи, во Охрид продолжи уривањето на објектите лоцирани на крајбрежјето. За разлика од минатата година, сега средствата во износ од шест милиони денари се обезбедени од Владата.

Општината почна да урива на потегот од хотелот „Метропол“ до Пештани. Целта на уривањето, според Општина Охрид, е да се стави крај да урбаното дивеење и да се спроведат сите препораки од УНЕСКО.

„Активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упатува апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите. Во текот на изминатите две години Општина Охрид во согласност со финансиските можности реализираше активности за отстранување на платформите на угостителските објекти во потегот од месноста ‘Ј’но’ до населбата ‘Канео’, бесправни објекти на потегот во населбата ,’Свети Стефан’, а се спроведуваа и активности за отстранување на еден поголем сместувачки објект и две бетонски бази“, велат од Општина Охрид.

Оттаму велат дека активностите за отстранување на дивоградбите ќе продолжат тековно и последователно додека не бидат тргнати сите објекти, кои според општината, ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион