ВИДЕО: Се укинуваат квотите за лекови на рецепт во туристичките места

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче во денешната изјава за медиуми информираше дека за месец август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизми за заштита од злоупотреба.

„За месец август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на нашите туристички места Охрид, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Тоа значи дека за секој лек којшто ќе биде издаден на рецепт, рецептот ќе биде реализиран од страна на Фондот за здравствено осигурување“, потенцираше министерот Филипче.

Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт и тие ќе бидат подостапни за пациентите.

Првата фаза на укинувањето на квотите за лековите почнува од месец август во овие региони, а во зависност од Фондот за здравствено осигурување следнатите фази ќе се имплеметираат до крај на месец септември. Ова е првиот чекор кон целосно укинување на квотите. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам.

„Во периодот кој што следи, кон крајот на месецот ќе започне и официјално административната процедура на вклучување на сите аптеки, коишто во овој момент не се во мрежата на здравствени установи, за истите да се вклучат. Да можат и тие да станат дел од овој систем, а во исто време ќе почнеме и со проширување на мрежата за прием на нови специјалистички ординации“, истакна министерот Филипче.

Овие мерки се во интерес и на лекарите и на пациентите. Преку отворање на специјалистички ординации, младите лекари ќе ги мотивираме да останат и да работат во нашата држава, а пациентите ќе имаат поголема можност да бираат во која специјалистичка ординација сакаат да одат, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

Филипче по средбата со Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

Филипче: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии