Се удави момче во Охридското Езеро

Од:

Машко лице денеска се удави во Охридското Езеро. Несреќата се случила околу 13:30 и 14 часот во близина на поранешниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан. Се уште не е утврден идентитетот на момчето, изјави зпортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Пред некое време заврши увидот на местото на настанот во присуство на јавен обвинител и крим техника при СРВ Охрид, изјави Димоски и најави повеќе информации за утрешниот ден.

Според првични инфорамции, момчето било на педалинка, скокнало од неа во водата по што не се појавило на површината. Потоа почнала потрага по него, била известена езерската полиција која пристигнала на местото на настанот за четири минути и го нашле безживотното машко тело.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство