Тресе посилно во Охрид и Ресен, нов земјотрес

Од:

Земјотрес со јачина од 4 степени, според првичните информации, е регистриран во охридскиот регион во 11 часот и 39 минути.

Претходно земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, во 9 часот и 58 минути, во охридското епицентрално подрачје.

Утринскиот земјотрес беше со епицентар 9 километри северо-источно од Охрид на длабочина од 2 километри, додека вториот, посилниот земјотрес, беше на 8 километри источно од Охрид, на длабочина од 3 километри.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета, освен вознемиреноста на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси.

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Тибет

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Седум последователни земјотреси ја погодија Шпанија: Наредена е масовна евакуација