Се трага по давеник во Дојранското Езеро

Од:

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.

– Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. Засега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до еден метарм длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото, информираа од ЦУК.

Додаваат дека на лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти

Пуштен во функција хидросистемот Ѓавато

Спасен давеник од Дојранско езеро

Извлечено телото на давеникот од Дојранско Езеро

Маж се удави во Дојранското Езеро

Спасени три лица на Дојранско езеро: Бурата ги повлекла во чамецот далеку од брегот

A1on