Се трага по 80-годишник од делчевското село Очипала

Од:

Во Делчево се трага по 80-годишник од село Очипала. Како што информира полицијата, случајот е пријавен вчера попладне кога последен пат бил забележан старецот. Потрагата најпрвин ја започнале неговите роднини, но, откако немало резултати во потрагата се вклучила и полицијата.

-Старецот исчезнал вчера околу пладне, а откако не се вратил, роднините започнале потрага по него. Откако потрагата завршила без успех роднините се обратија за помош до нашите служби. Иако детално се врши пребарување на околниот терен, засега нема позитивен епилог од потрагата. Се преземаат натамошни мерки за пронаоѓање на беспомошниот старец, потврдија од полицијата.

Засега нема информација околу можната причина поради која му се губи секаква трага на 80-годишникот од село Очипала.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка