Се сретнаа Љубе и Велија пред основниот суд

Од:

Случајно пред кривичниот суд во Скопје денеска се сретнале Љубе Бошкоски и Велија Рамковски. Љубе Бошкоски чекал три часа во полициско комбе пред судот на судењето со Латас, на кое новинарот и уредник е тужен за тврдењата дека Бошкоски го предал  Тарчуловски, но уредникот на Сител не се појавил денеска. Спорот трае повеќе од две години, а сеуште е на стартот.

Велија Рамковски денеска беше во судот по тужбата на новинарката Снежана Лупевска за изјавата на сопственикот на А1 телевизија дека и ја изградил куќата во која сега живее.

Кога излегувал од судот Рамковски го забележеал на Љубе Бошкоски и почнал да вика „Брат, издржи“ на што Бошкоски му возвратил „Издржи и ти, се ќе се среди“.

Бошкоски и Рамковски самите го предвидоа затворот во кој се најдоа. Рамковски на последната трибина со Бошкоски во 2010 година, кажа дека власта сака да ја затвори А1 и да го стави во затвор. Бошкоски додека траеше изборната кампања обелодени дека му се подготвува сценарио во кое со наместени и договорени сведоци треба да биде обвинет за убиството на Марјан Тушевски.

Бошкоски беше уапсен за нелегално финасирање на политичката капмања, процес кој и Стејт Департментот го нарече „политички монтиран случај“, исто како и процесот против Рамковски, а делото за кое екс министерот за внатрешни кажа дека ќе биде обвинет, се одвива во моментов додека е во затвор.

Би можело да ве интересира

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции