Се спасија судијките кои му ја потврдија лустрацијата на Драги Билески

Од:

Шесте судијки кои ја потврдија спорната лустрација на кичевскиот судија, Драги Билески, се спасија од кривична одговорност. Информацијата ја потврди скопското Обвинителство за „А1он“.

Обвинителката Наташа Сарамандова одлучила дека нема кривично да ги гони трите управни и трите виши управни судијки кои му ја потврдија лустирацијата на Билески, иако Европскиот суд за човекови права пресуди во полза на Билески и констатира дека во домашните судови немал правично и фер судење. На првите три судијки им застарело делото, а за вторите не нашла елементи за кривичното дело.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на  27 декември 2018 година, ја доставило кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за судијките до скопското Обвинителство.

„Во конкретниот случај против пријавените судии од Управниот суд настапила застареност на кривичното гонење. Имено, релативна застареност на кривично гонење настапила на 20.12.2018 година, уште пред воопшто да биде поднесена предметната кривична пријава“, велат од Обвинителството за „А1он“.

За пријавените судии на Вишиот управен суд кои ја потврдиле пресудата од 12.06.2014 година, Обвинителството ги побарало на увид списите од предметите на двата управни суда.  Спорно е што такво досие врз основа на кое судијките ги засновале пресудите во архивот не постојат.

Една од судијките која ја донесе пресудата за Билески е Виолета Богојеска, која моментално е член на Судскиот совет. Зад пресудата стојат и Виолета Илиевска, братучетката на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и Загорка Тноковска, баба на ексградоначалникот на Аеродром, Ивица Конески.

Судијката Виолета Богојеска, член на Судскиот совет

„А1он“ дознава дека за отфрлената кривична пријава е поднесена жалба до Вишото јавно обвинителство. Судот во Стразбур утврди дека на Билески му биле прекршени човековите права кога бил прогласен за соработник на тајната полиција, а судовите тоа го потврдиле.

Комисијата за верификација на фактите одлучи дека Билески е кодош. Управниот суд ги потврдил фактите на Комисијата потпирајќи се единствено врз документите против Билески.

Сепак, од Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Билески добил известување во кое пишува дека тој не е евидентиран како соработник на службите, ниту пак документите што ги објавила лустрациска се дел од архивите на УБК, па оттука спорно е врз основа на кои увидот во кои документи судијките ги донеле пресудите.

За лустрацијата на Билески, СЈО ја отвори истрагата со кодно име „Моќник“, каде во еден дел се споменува нарачка од Антонијо Милошоски кон тогашниот претседател, Томе Аџиев, за да биде лустриран Билески.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска