Се скратува работното време на угостителските објекти

Од:

Од денеска се до 24-ти декември оваа година, согласно Законот за угостителска дејност, работното време на угостителските објекти ќе биде скратено за еден час, соопшти Државниот пазарен инспекторат.

Тоа значи дека угостителските објекти за исхрана, кафулиња, ресторани ќе можат да работат од 07:00 до 24:00 часот, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници, кога ќе се работи плус еден час, односно до 01:00.

Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во петок и сабота, спроти празници и на празници до 05:00 часот.

Работното време за диско клубовите е од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во петок и сабота, како и спроти празнични и во празнични денови.

 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан