Се сечат дрвјата во центарот на Охрид

Од:

Екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ утрово започнаа акција за сечење на дрвјата во центарот на Охрид. На улицата „Партизанска“ во центарот на градот денеска беа исечени сите дрвја, а ќе се заменеле со нови.

Од Општина Охрид велат дека акцијата е на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и тие најдобро можат да објаснат околу тоа. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа истакна дека дрвата биле стари, дотраени и ќе ги заменат со нови.

drvjaOhrid1

Согласно програмата на Секторот за комунален развој и патишта оваа година предвидено е да се сменат дрворедите на неколку сообраќајници. Почнуваме од Партизанска, ќе продолжиме на улицата „Македонски просветители“, а оваа година предвидено е дрворедите да се сменат и на улицата „Јане Сандански“. Дрвата се дел од вегетацијата и имаат одреден век на траење. Овие дрва беа од таков карактер што нивните корења ги оштетуваа пешачките патеки. Од утре ќе посадиме нови дрва од групата на лигуструмкои имаат вертикален корен и нема да предизвикуваат оштетување на пешачките патеки – истакна директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа.

Граѓаните се револтирани заради ова сечење на дрвата и велат дека ова е сосем непотребна работа. Бараат да престане да се уништува зеленилото кое му е потребно на градот.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија