Се самоуби дете во тетовско Требош

Од:

12 годишно момче се самоубило со бесење во тетовско Требош. Шестоодделенецот во атарот на селото врзал најлонска врвка околу вратот и за гранка од едно дрво и се обесил на висина од околу два метри.

Од СВР Тетово информираат дека околу 12 часот момчето го пронашол чичко му и веднаш го пренеле во тетовската Клиничка болница, но таму само констатирале смрт.

На местото бил извршен увид. На телото не биле најдени траги од насилство и нема да се врши обдукција. Полицијата нема информации за мотивите поради кои детето си го одзело животот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски