Вчера утрото околу 9 часот, во велешкото село Јаболчиште животот си го одзела 19-годишната Хајрие Јакупова, информираат од полицијата.
Според нив, девојката на терасата од семејната куќа, која била во изградба, закачила јаже на терасата и се обесила.
Истражен судија и јавен обвинител направиле увид на местото на самоубиството и телото било предадено на обдукција.