Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска изврши увид на работите за реновирање на сцената и соблекувалните во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во градот и најави дополнително опремување во културната установа.
Реконструкцијата се очекува да заврши за еден месец, а вкупната инвестиција чини околу триесет илјади евра.
– По неколкуте инвестиции во изминатите години, овде завршуваме со инфраструктурните вложувања. Ова всушност значи заокружување на реконструкцијата и доведување на домот во добра кондиција. Претходно инвестиравме во столчиња, тоалети, 3Д кино, изјави Панов.
Директорот Домот на културата „Иван Мазов-Климе” Владимир Темков заблагодарувајќи се за вложувањето, истакна дека Кавадарци ќе има еден од поубавите домови на култура во државата.