Се разгледуваат нови законски решенија кои би помогнале на граѓаните со извршни решенија особено во делот на каматите

Од:

Покрај новиот закон за извршители, Владата размислува за развивање нови законски решенија кои би им помогнале на граѓаните особено во делот на каматите, рече премиерот Зоран Заев запрашан за коментар за работата на извршителите кои годинава наплатиле 20 милиони евра од граѓаните.

-Со новиот закон за извршителите ги намаливме трошоците до 30 отсто, а за некои работи и под 30 отсто од тоа што беа. Но, предметите што беа започнати порано, новиот закон не можеше да ги рефлектира и самиот ваков податок ја покажува грозоморноста, со дополнителна аналитика, колку од сиромашниот народ се одземаат пари, затоа што сиромашните не можат да платат не дека не сакаат. Ние донесовме закон кој што дефинитивно ќе ги отстрани ваквите „калемења“ на трошоци. Размислуваме понатаму дури и за развивање на законски решенија кои што ќе помогнат во каматите. Се плаќаат огромни камати, па затезни камати и слично. Ако сакаме среќна држава, државата мора да води грижа токму и за тоа, рече Заев на новинарско прашање по посетата на „Римес“.

Тој додаде дека министерот за правда прави сериозна анализа и на работата на извршителите и на нотарите, па дури и адвокатските комори со адвокатските тарифи, за дефинитивно, како што рече, да направиме фер општество.

– Имаме професии кои се екстремно богати од пренесено јавно овластување, а од друга страна народот плаче со преку 200.000 блокирани трансакциски сметки, заглавени во бесконечен лавиринт, рече Заев на новинарско прашање по посетата на „Римес“.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

Орце Костов