Се продлабочува соработката помеѓу Струмица и руски Електростаљ

Од:

По збратимувањето и воспоставувањето пријателски односи во декември минатата година, градскиот округ Електростаљ од московската област на Руската федерација и општина Струмица ја продлабочуваат соработката.

Денеска, во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев, се одржа средба помеѓу претставници на општина Струмица и делегација на Електростаљ во состав, Владислав Назаров, заменик градоначалник и Виталиј Шапарниј, директор на општинското јавно претпријатие за училишен кетеринг. На почетокот од средбата, гостите од Електростаљ го изразија задоволството од воспоставената соработка со општина Струмица и потенцираа дека се подготвени да ја продлабочат во сите области. Посакувајќи им срдечно добредојде, градоначалникот Заев рече дека и општина Струмица е отворена за зајакнување на соработката и пријателските односи, како и за возвратна посета.

ambasador5.jpg

Главна тема на разговор на двете делегации, денеска беше економската соработка. Гостите посебен интерес покажаа за земјоделското производство од струмичкото поднебје, оСе продлабочува соработката помеѓу Струмица и руски Електростаљ

По збратимувањето и воспоставувањето пријателски односи во декември минатата година, градскиот округ Електростаљ од московската област на Руската федерација и општина Струмица ја продлабочуваат соработката. Денеска, во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев, се одржа средба помеѓу претставници на општина Струмица и делегација на Електростаљ во состав, Владислав Назаров, заменик градоначалник и Виталиј Шапарниј, директор на општинското јавно претпријатие за училишен кетеринг. На почетокот од средбата, гостите од Електростаљ го изразија задоволството од воспоставената соработка со општина Струмица и потенцираа дека се подготвени да ја продлабочат во сите области. Посакувајќи им срдечно добредојде, градоначалникот Заев рече дека и општина Струмица е отворена за зајакнување на соработката и пријателските односи, како и за возвратна посета.

Главна тема на разговор на двете делегации, денеска беше економската соработка. Гостите посебен интерес покажаа за земјоделското производство од струмичкото поднебје, особено за свежиот зеленчук и овошје и нивните преработки, како и за млечните производи и дрвната индустрија, а ја презентираа и понудата на нивниот округ. Токму поради ова, за време на дводневниот престој, ќе се дефинираат потребите на двата града и ќе се дефинира соработката помеѓу нив. Денешните преговори за воспоставување економска соработка со овој округ од големата московска област има огромно значење за општина Струмица, како еден од најголемите земјоделски региони во државата, со што уште еднаш се потврдуваат заложбите на градоначалникот Зоран Заев за развој на општината и благосостојба на нејзините граѓани.
По средбата во кабинетот на градоначалникот Заев, гостите од Електростаљ, ги посетија откупните пунктови на земјоделски производи во Муртино и Просениково, а во текот на утрешниот ден ќе остварат средба со претставниците на бизнис заедницата на општина Струмица.собено за свежиот зеленчук и овошје и нивните преработки, како и за млечните производи и дрвната индустрија, а ја презентираа и понудата на нивниот округ.

Токму поради ова, за време на дводневниот престој, ќе се дефинираат потребите на двата града и ќе се дефинира соработката помеѓу нив. Денешните преговори за воспоставување економска соработка со овој округ од големата московска област има огромно значење за општина Струмица, како еден од најголемите земјоделски региони во државата, со што уште еднаш се потврдуваат заложбите на градоначалникот Зоран Заев за развој на општината и благосостојба на нејзините граѓани.

По средбата во кабинетот на градоначалникот Заев, гостите од Електростаљ, ги посетија откупните пунктови на земјоделски производи во Муртино и Просениково, а во текот на утрешниот ден ќе остварат средба со претставниците на бизнис заедницата на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски