Се продава имотот на А1 телевизија по половна цена

Од:

Имотот на телевизија А1 се продава по петти пат, овојпат целиот имот оди на продажба со 50 отсто намалена цена.

Имотот беше проценет на близу девет милиони денари, а сега се отуѓува за цена од 4.308.879 денари. На продажба се и опремата на телевизијата и 24 возила од најразлични брендови, кои се продаваат по релативно ниски цени.

Долгови на Велија Рамковски се околу 15 милиони евра, но според она што досега е продадено и она што се продава, јасно е дека стечајниот управник Ацо Петров нема ниту одблизу да ги собере тие пари за да ги задоволи побаравувањата на околу 300 доверители.

Телевизијата беше ликвидирана на почетокот на 2012 година. Судот одлучи дека целиот имот што го поседува А1 телевизија ќе оди на продажба за да се подмират побарувањата на 354-те доверители, кои првично бараа повеќе од 23 милиони евра.

Велија Рамковски беше осуден на 13 години казна затвор. Тој сега бара ново судење.

Би можело да ве интересира

„А1 Македонија“ прославува со своите корисници: 50 проценти роденденски попуст за 5 години „А1“

А1он

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

А1 Македонија донира безбеден безжичен интернет за дечињата на Клиника за детска хирургија

А1 Македонија со најдобрата новогодишна промоција во мобилната телефонија досега

А1он

Нема веќe Спорт Клуб на А1, операторот не го продолжил договорот

Жарко Настоски

Сметките за телевизија ќе бидат помали поради прекините, операторите најавуваат обесштетување на корисниците