Се преврте камион, затворен автопатот од Демир Капија до Смоквица

Од:

Камион што се излизга, а потоа и се преврте на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

Соообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи преземаат мерки за извлекување на камионот, а дотогаш сообраќајот ќе се одвива по стариот пат.

Сообраќајот на овој патен правец во обратна насока од Смоквица кон Демир Капија се одвива без проблеми во зимски услови, а „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата во овој дел на државата.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Ѓорѓиевски: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери