Се преврте камион кај селото Могорче, тешко повреден возач на „Македонија пат“

Од:

Тешкa сообраќајна несреќа се случи денеска на патот за дебарското село Могорче, кога камион на ЈП „Македонија пат“ се преврте при што тешко е повреден возачот на камионот.

– Во нашата болница со возило на итната медициска помош беше транспортирано лицето Ѓ.П. (48) од Велес, со компресивна фрактура на лумбален пршлен, фрактура на три ребра, како и набиеници. По направените ренгенски снимки и дадената потреба  медицинска помош, повредениот е транспортиран во Ургентниот центар во Скопје, изјави доктор Баки Алили, директор на Општата болница во Дебар.

Според него повредениот бил во свесна состојба.

ЈП „Македонија пат“ е ангажитрано во реконструкцијата и проширувањето на патот кон селото Могорче  и во делот кај што се случила собраќајката камиони на претпријатието носеле материјал за тампонирање на патот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски