Се преврте автобус со работници во Битола, четворица повредени

Од:

Утрово околу 6:30 часот на излезот од индустриската зона „Жабени“ се превртел автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“-Битола. Повредени се четири лица, сите полесно. Тие се амбулантски третирани и не се хоспитализирани.

-Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и тројца патници. Сите се вон животна опасност, изјави Сања Стаматова, портпаролка на СВР-Битола.

Од ЈЗУ Клиничка болница-Битола соопштија дека повредените се амбулантски третирани, тие се со полесни повреди и не се хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен