Се прелеа езерото Мантово, се следи состојбата со мостот кај село Балталија

Од:

Прелеа езерото Мантово соопштија од општина Штип, а поради прелевањето на езерото се излеа и реката Крива Лакавица. Поплавени се земјоделски ниви, а се следи и состојбата со мостот кај селото Балталија на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Портпаролот на градоначалникот на општина Штип, Милена Ристова Михајловска вели дека до жителите на селата на лакавичкиот регион и сопствениците на викенд куќите се апелира да не ја преминуваат реката, а стоката да ја евакуираат на повисоки места.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев веќе е на лице место по што ќе се одлучи какви мерки ќе се преземат за овој регион каде што реката Крива Лакавица се излеала.

Во текот на денот поради обилните врнежи од дожд се зголеми и водостојот на реката Отиња која поминува низ центарот на Штип. Времено се забранети за сообраќај два моста, едниот кај црквата „Свети Никола“ и вториот е камениот мост на реката Отиња.

Директорот на ЈП „Стипион“, Тони Јовев вели дека забраната за движење по мостовите е направено превентивно.

Водостојот во реката Отиња засега не ја достигнува критичната точка.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он