Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Од:

Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница.

Епидемилиогот, Светлана Живкова изјави дека до денеска имаат регистрирано 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за дополнителни 15 ученици и вработени во штипското училиште.

-До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова.

Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.

МИА претходно информираше дека сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација. Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвичи со пилешки стек и пржени компири.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена