Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Од:

Во Гевгелија почна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе почне во Струмица, Куманово, Струга и во Кичево информираат од Министерството за здравство.

Во сите општини забрзано се работи на активностите за реализација на проектот. Интензивно се работи на подготовки на терен, се расчистуваат локациите, локалните јавни претпријатија обезбедуваат приклучоци, стручните служби на единиците на локална самоуправа даваат максимална поддршка за што поскора реализација на проектот од Светската банка.

Општината Битола и јавните претпријатија го уредуваат просторот и го подготвуваат теренот за поставување на три модуларни болници со капацитет од 100 болнички кревети и три тријажни центри. Во моментов, во Битола се бетонираат бетонските подлоги за поставување на модуларните болници. Во Штип теренот е подготвен за бетонирање на подлогата, инсталациите се донесени до точките за приклучни места.

Во Струга завршува бетонирањето на бетонската подлога, а сите инсталации се спроведени. Со забрзана динамика се работи на теренот во Гостивар, Кичево, Прилеп и Кавадарци. Во Кочани теренот е спремен и ќе започне бетонирање на подлогата.Во Дебар и Тетово во тек се подготвителните работи.

Би можело да ве интересира

Прво да видиме во каква состојба се, па ќе донесеме одлука за модуларните болници, вели Таравари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on