Алијанса за Албанците и Алтернатива преговара со сите политички партии за настап на претстојните локални избори, иако е извесно дека ќе настапат заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар, Арбен Таравари, смета дека можеби веќе идната недела коалицијата ќе се официјализира и ќе се потпише договор за заедничка соработка. Тој немаше одговор кој ќе биде кандидатот за Град Скопје, но кажа услови под кои би поддржале.
„Доколку биде професионалец кој нема лош бегрануд, ние сме подготвени да го поддржиме за да направиме промена во Град Скопје, бидејќи мислам дека заслужува промена по овие 4 години стагнација во инфраструктурата“, рече Таравари.
Според извори на „А1он“, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците заедно со Алтернатива веќе договриле коалиција. Неофицијално, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје ќе биде актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Засега, за ова нема потврда од партијата, ниту пак нејзиното име е соопштено и официјално.