Се подобрува здравствена состојба на потешко повредените мигранти

Од:

Шестмина од вкупно 12-те повредени мигранти кои беа хоспитализирани во штипската болница, се префрлени во прифатен центар во Скопје, а останатите се уште се на Одделението за ортопедија.

Како што информира директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, во текот на денот лекарите треба да одлучат дали ќе бидат пуштени од болницата или ќе продолжат со лекување.

Сообраќајната несрека во која две лица загинаа, а дваесетина беа повредени се случи минатиот понеделник на патот Штип – Радовиш, кога комбе со скопски регистарски таблички удри во заштитна ограда на мост, кај рудникот Бучим. Најголем дел од мигрантните беа од Шри Ланка и Бангладеш, а на сите крајна дестинација им била Италија.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му