Се подобрува уличното осветлување во Куклиш за поголема безбедност на жителите

Од:

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ работи на подобрување на уличното осветлување во населеното место Куклиш.

Зафатот се реализира на патот, кој поминува низ селото и води кон селата Банско и Свидовица. Се поставуваат нови арматури на веќе постоечки столбови, а на тие што нема се поставуваат арматури за осветлување.

Осветлувањето на овој потег ќе биде подобрено со 18 нови места за светилки.

– Подобрувањето на уличното осветлување во Куклиш е една од мерките за зголемување на безбедноста на жителите на ова населено место што им ја вети градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на работниот состанок на Советодавната група на граѓани на тема „Поголема безбедност во заедницата“, кој се одржа пред две недели, информираа од Општина Струмица.

Зачестените сообраќајни незгоди, од кои две со жртви на овој пат, кој спаѓа во групата на регионални патишта, беше повод за состанокот, на кој градоначалникот Јаневски потенцираше дека ќе бидат преземени сите мерки кои што се во надлежност на општината за подобрување на безбедноста на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите