Се подобрува локалната патна инфраструктура во општина Илинден

Од:

Општина Илинден информира дека на повеќе локации во тек се интензивни градежни активности во рамки на реализација на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Комплетно е саниран и асфалтиран дел од улицата „535“ во населба Илинден, во должина од 280 метри. Оваа улица се протега од новиот пешачки мост и ја поврзува улицата „8“ во населба Илинден и улицата „500“ во Марино со општинското основно училиште „Гоце Делчев“, Средното општинско стручно училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“ и е од посебно голема важност за безбедноста на граѓаните, особено за учениците.

Општина Илинден соопшти дека во локалната економска зона Марино-Кадино во тек е изградба на новопроектираната улица „2“ во должина од 230 метри. Кон оваа улица гравитираат повеќе стопански објекти кои преку неа се поврзуваат со локалниот пат Марино-Кадино. Во моментот се работи на поставување фекална канализација и тротоари, по што ќе следува асфалтирање.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ