Се отвора граничниот премин „Маркова нога“

Од:

На денешната седница на Владата на Република Македонија беше прифатена информацијата за доставен предлог меморандум за реализација на заеднички интегрирана интервенција во пограничниот регион помеѓу Република Грција и Република Македонија, односно за отворање на граничниот премин „Маркова нога“.

Владата на Република Македонија го овласти министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со позицијата на Владата на Република Македонија по предложениот предлог меморандум.

Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и интервенција со сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина. Со отворањето на граничниот премин со сите останати пропратни и неопходни проекти, односно патна поврзаност, објект на граничните служби, развој на резиденцијалниот дел на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој и создавање на компактна транс – национална развојна зона.

Министрите на седницата ја усвоија информацијата за потребата од отпочнување постапка за водење преговори за склучување на договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија и Прешево, Република Србија. Преговорите ќе ги води работна група и истата е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата на Република Македонија за водените преговори при конципирањето на нацрт текстот на договорот помеѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин, или one-stop-shop.

Би можело да ве интересира

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп