Се осветлува влезот и излезот на Штип кон Радовиш и Струмица

Од:

Општина Штип почна со осветлување на еден од влезовите во градот, односно влезот од Радовиш и Струмица кон Штип, кај Ново Село.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој беше на увид во градежните работи рече дека станува збор за значајна инвестиција која ќе биде од корист на жителите на населбата Ново Село и ќе го потврдува епитетот на Штип – центар на источниот регион. На овој влез и излез од градот Штип ќе бидат поставени 22 столбови од девет метри висина со лед светилки, во должина од над 600 метри, односно од мостот кај Ново Село до училиштето „Искра“.

–Ова е значајна инвестиција за граѓаните, затоа што Штип како центар на истокот треба да го покаже тоа и на дело. Се работи за инвестиција од над 1,7 милиони денари со вклучено ДДВ, која ќе го подобри влезот на градот, вели Бочварски.

Тој додаде дека ваква инвестиција е направена и на влезот во градот од Скопје и од Велес, кај Кампус 4, што значи дека влезовите на Штип добиваат нов лик.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он