Се оградуваат Градските гробишта во Штип

Од:

Градските гробишта во Штип почнаа да се оградуваат, соопшти денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, а информираше дека проектот се реализира со заеднички средства на Општина и на ЈП „Исар“.

– Ќе се работи во делот на старите гробишта, но етапно сите гробни парцели ќе бидат заградени. Со ова подобро ќе се чуваат гробиштата. Целта на оградувањето е да ги заштитиме гробиштата и да ја тргнеме грдата мрежа која стои со години, вели Бојаџиев.

Раководителот на работна единица „Градски гробишта“ при ЈП „Исар“-Штип, Стефан Арсов истакна дека оградата ќе биде висока два метри, а ќе постават и порти на повеќе локации за олсенување на пристапот до парцелите.

-Досега имавме многу проблеми и од луѓе и од животни. Со оградувањето се надеваме дека инвестираме во заштита на имотот на граѓаните, вели Арсов.

Откако ќе се заврши оградувањето на гробиштата, истите ќе се заклучуваат во 17 часот во зимниот и во 21 часот во летниот период, поради заштита на предметите и имотот кои се дел од над 8.000 надгробни места. Во изминатите неколку месеци ЈП „Исар“ на градските гробишта инвестираше во изградба на нови паркинг места и во асфалтирање на улици и патеки.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена