Се огласи МНР: Во Њујорк имаме конзул, не се планира негова замена

Од:

Без да негираат дека презентерката Бесмира Ујупи била предложена и избрана на затворена седница од Влада за конзул во Њујорк, по ден и половина, Министерството за надворешни работи посочи дека Македонија има свој генерален конзул во САД кој не планираат да го заменат.

Неодговорени останаа бројни новинарски прашања, министерот Бујар Османи и натаму молчи, а Владата исто така не одговара на прашањата што стои во одлуката која ја донеле на затворената седница.

„Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, велат од МНР.

Презентерката Бесмира Ујупи која е именувана за генерален конзул во Њујорк, не ги исполнувала условите кои се предвидени со Законот за надворешни работи. Ресорниот министер, Бујар Османи не одговара дали ќе понесе одговорност за покренување на постапката, покрај тоа што и од нејзината биографија се гледа дека таа не е дипломат, иако тоа е еден од условите за оваа функција. Владата, не одговара по кои основи е избрана токму презентерката да биде пратена во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија