Се одржа Рамазанска Ифтарска вечера во Струмица

Од:

Вечерва на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа заедничка Рамазанска Ифтарска вечера на верниците од муслиманска вероисповед.

Околу две илјади верници по зајдсисонце заднички вечераа по завршувањето на денешниот четврти ден од вкупно триесетте денови пост во чест на големиот празник Рамазан.

На заедничката Рамазанска Ифтарска вечера присуствуваше градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков и членовите на Советот на општина Струмица.

Градоначалникот Јаневски ги поздрави присутните им посака вечерниот оброк наречен Ифтар, како чин на завршувањето на еден ден од постот, да им помине во убав и пријателски амбиент и да ви биде доволен потстрек за продолжението на Исламскиот Рамазански пост.

– За мене и за останатите гости од Општината, оваа вечер значи подобро запознавање со вашата традиција. Колку повеќе се познаваме, толку повеќе се разбираме, а колку повеќе се разбираме толку поубав ќе ни биде животот кој заеднички го живееме, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Рамазанската Ифтарска вечера ја организираа Здружението на граѓани „Дост Ели“ од Струмица, а во соработка со Општина Бајрам Паша од Истанбул,Република Турција.

Би можело да ве интересира

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски