Се обеси 25-годишна девојка во гостиварско Врањовце

Од:

Дваесет и петгодишната Р.Н. од гостиварското село Врањовце околу полноќ си го одзела животот со бесење, информираат од СВР Тетово.

Случајот во полиција го пријавил нејзиниот девер А.Ф., кој телото на снаата го пронашол во шталата, обесено на јаже префрлено преку греда. Р.Н. набрзо била пренесена во Гостиварската болница, каде била констатирана нејзината смрт.

– Непосредно по пријавата, на местото излегла екипа на крим техника, истражен судија и јавен обвинител. Утрово, телото по наредба на истражен судија е предадено на обдукција, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Ова е трето самоубиство со бесење во Полошко неделава. Животите во средата и саботата си ги одзедоа, жител на селото Дебреше и дванаесетгодишно момче од тетовски Требош. Со овој случај, за нецел месец, бројот на самоубиствата во полошкиот регион се искачи на пет. Претходно беа регистрирани две случаи со смртен исход од давње во Пена во Тетово и во Гостивар во Вардар.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски