Водостојот на реките во Македонија е во опаѓање во споредба со вчера, но и покрај тоа тој е повисок од просекот за декември.
Според УХМР, намалување нема само на Вардар кај Демир Капија. Нивото на природните езера е благо зголемено во однос на просекот за декември. Дојранското Езеро е за 74 сантиметри повисоко од „0“ кота, Охридското за 15, додека Преспанското е за 4,17 метри пониско од дозволениот минимум.