Се намалува бројот на заболени од грип

Од:

Вкупно 105 новозаболени лица со грип и заболувања слични на грип се пријавиле последнава недела, од 14 до 20 април, што е намалување за 52,9 проценти во однос на минатата недела и 50 проценти во однос на истата недела минатата сезона.

Како што соопшти центарот за јавно здравје, во текот на оваа 16. недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број починати лица во оваа сезона останува 12.

Во сезоната 2013/2014, заклучно со минатата недела, вкупниот број заболени од грип во Македонија изнесува 28.853, што е за 16,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани и за 59,7 проценти во однос на просекот за 10-годишниот период. Најмногу болни се на возраст од 15-64 години, 65,1 отсто, а најголем морбидитет 238,2/10.000 е регистриран кај децата до 4-годишна возраст.

Најголем број заболени во текот на оваа сезона се регистрирани на територијата на Скопје, 4.120 заболени и Прилеп – 3.971, а најголем морбидитет 754,3/10.000 е регистриран во Кавадарци

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, покажува дека во февруари се пријавени 49,8 проценти од вкупниот број случаи во целата сезона. Во јануари се регистрирани 23,6 проценти од заболените, во март – 21 процент, а во април – 2,2 проценти од случаите.

Епидемиолошкиот коментар е дека интензитет на активноста на вирусот на грип е низок, со задржување на трендот на континуирано опаѓање. Се регистрира главно спорадична појава на случаи на заболување. Се намалува и бројот на тестирани и на позитивни примероци од земен материјал за тестирање, од случаи на заболувања слични на грип.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада