Се намалува бројот на заболени и угинати овци од болеста син јазик во кавадаречко и росоманско, информираше денеска Лазе Стамаџиев, самостоен референт при работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.
– По големата паника која ја донесе болеста во Македонија па и во Тиквешијата, сточарите најпосле можат малку да здивнат бидејќи ситуацијата стивнува. Во последните неколку дена е намалена смртноста, а заболените животни полека заздравуваат. Сепак будно се следи состојбата на терен. Засега можам да кажам дека болеста е ставена под контрола. Сточарите континуирано ги пријавуваат штетите во своите стада, соопшти Стамаџиев.
Тој кажа дека бројот на угинати овци од оваа болест во двете општини изнесува над илјада грла, а многу е помала смртноста кај кравите и козите.