Се крои новата мрежа на здравствени услуги

Од:

Новата здравствена мрежа е скроена. Сега се чека судот на стручната јавност, а за две седмици уредбата влегува на претрес во Влада.

Со мрежата, конечно ќе биде утврдено колку амбуланти, аптеки и специјалисти ќе му требаат на македонското здравство. Како што уверува министерот за здравство, Никола Тодоров, затворање на постоечките концесионери нема да има дури и во реоните каде се забележал вишок. Зависно од средствата кои ќе ги одобри Фондот, најавува Тодоров, за потребите на новата мрежа, допрва ке следело отварањето на нови здравствени установи, во реоните со недостаток од нив.

Со новата здравствена мрежа, правена по хрватскиот модел, треба да се оптимизираат трошоците во здравството, а има за цел да одговори на моменталните потреби на граганите.

Сепак, објаснува Тодоров, зависно од идните демографски движења кај населението, мрежата во иднина ќе трпи промени. Пред биде изгласана, Министерот прво ќе треба да ја убеди стручната јавност, дека го имаат најдоброто решение за бројот на медицински тимови во земјава.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!