Се излеа Поројска река

Од:

Поплавени ниви, затрупан дел од магистралниот пат Тетово – Јажинце, оштетена водоводна мрежа. Ова се штетите кои ги предизвика Поројска река која се излеа, откако попладнево тетовско го зафатија обилни врнежи од дожд.

Патот Тетово – Јажинце моментално се расчистува од градежна механизација, по него се обраќаат возила, но со прекини.

Во селото нема регистрирано оштетување на инфраструктурата.

Поројска река се излеа и минатиот месец, при што беа уништени два моста, оштетен беше и мостот на Магистралниот пат Тетово – Јажинце под кој поминува реката, а поплавена беше огромна земјоделска површина

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот