Се излеа јаловина во Каменичка Река

Од:

Коритото на Каменичка Река од утрово плива во јаловина која што, според информации на граѓани на Македонска Каменица се влеала во Калиманско езеро. Меѓу првите кои излегоа на терен беа членивите на здружението на спортски риболовци „Шаран“ кои ја констатираа, како што наведуваат, катастофалната состојба.

-Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река. Мострите дополнително ќе бидат препратенаи до надлежните на испитување. Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението „Шаран“.

Во меѓувреме, во моментот Општината закажа состанок со надлежните по кој најавија подетална информација за денешното излевање на јаловина во коритото на Каменичка Река. Соопштение исто така е најавено и од Рудник Саса кои, според информациите на риболовното друштво, веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска