Се интензивира обновата на манастирот Трескавец во Прилеп

Од:

Продолжуваат активностите за реконструкција и обнова на манастирот Трескавец. Во рекордно време завршено е асфалтирањето на патот, а деновиве се завршуваат поситните градежни работи. Целокупната финансиска конструкција во висина од два милиони евра е покриена од Министерство за транспорт и врски.

Интензивирани се активностите за обнова на опожарениот манастир Трескавец, завршен е проектот за обнова на конаците и се работи на обнова на внатрешните инсталации – изјави отец Калист,единствениот монах во манастирот.

Според директорот на ЈП Водовод и канализација, Сашо Николоски, направен е и проект за изградба на водоводот, што значи дека наскоро ќе има и вода во манастирот. Паралелно се работи и на други проекти во соработка со Заводот и музеј за негова реставрација, а и понатаму стигнуваат донации за обнова на манастирот.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница