Се гради тротоарот до штипската Клиничка болница

Од:

Се гради тротоарот кон штипската Клиничка болница на улицата „Тодор Коларов“. Станува збор за уништена тротоарна површина, која со години не е реконструирана.

Средствата за овој градежен зафат во висина од 764 илјади денари се обезбедени од буџетот на општина Штип.

– Станува збор за тротоар којшто го користат пациентите или нивните роднини, а којшто откако ќе биде уреден и реконструиран, ќе биде вистински безбедна опција за пешаците. Потегот кон Клиничка болница е еден од најважните, витални објекти во градот и во Источниот регион, изјави градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП „Стипион“ Сашко Протогеров извршија увид во градежните работи.

Градежните работи се очекува да завршат за 15 дена.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му