Се гради сообраќајна инфраструктура во урбаните блокови 36 и 37

Од:

Општина Струмица продолжува со предвидените активности во делот на изградбата на сообраќајната инфраструктура во градот. Такви активности во моментов се реализираат во новопроектираните урбани блокови бр. 36 и 37, каде што во завршна фаза се подготвителните работи за асфалтирање на улицата ,,Бр. 2,,.

Според најавата на Ѓорги Стојанов од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, по финализацијата на работите на оваа улица, ќе следува изведување и на улиците ,,Бр. 3,, и ,,Бр. 5,, со што ќе се овозможи поврзување на изградените објекти на тој дел од градот.

Ѓорги Стојанов : ,,Општина Струмица работи на активности за изградба на сообраќајната инфраструктура во новопроектираните урбани блокови – бр. 36 и 37. Во моментов се наоѓаме на улицата ,,Број 2,, која се протега од улицата ,,Ѓуро Салај,, до улицата ,,Никола Тесла,, и од Спортскиот центар ,,Пандев,, до Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи. Изведени се сите земјени работи и тоа ископ и замена на подземното тло, вграден е тампонскиот слој како и бетонските рабници. Останува само да се финализираат и да се вградат слоевите од асфалт. ЈПКД ,,Комуналец,, има изведено атмосферска и фекална канализација како и приклучок на водоводната мрежа. Понатаму ќе се изведуваат и околните улици и тоа улица ,,Бр. 3,, и улица ,,Бр. 5,, со што ќе бидат поврзани веќе изградените објекти на овие локации.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски