Се гради резервоар за вода воТимјаник

Од:

Во Тимјаник се гради нов резервоар со зафатнина од 500 кубни метри. Зафатот се одвива паралелно со изградбата на новиот резервоар со зафатнина од 200 метри кубни наменет за задоволување на потребите за вода за пиење на жителите на Пепелиште.
 
– Станува збор за проект кој општина Неготино го реализира заедно со реконструкцијата на водоснабдителниот систем на улици во Неготино во должина од осум километри, со 38.000.000 денари од Светска банка, информираат од неготинската локална самоуправа.
 
Количините на вода од резервоарот во Тимјаник ќе бидат наменети за жителите кои живеат во високите зони во Неготино. Рокот за завршување на работите е девет месеци, период во кој треба да заврши и реконструкцијата на водоводот во Неготино. 
 
– Во делот на работите на резервоарот во Тимјаник, досега е извршен ископ на просторот каде истиот ќе биде лоциран, како и тампонирање на просторот од околу 200 метри квадратни, појаснуваат од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза