Се градат пристапни патишта во Македонска Каменица

Од:

Во Македонска Каменица започна асфалтирањето на пристапните патишта во неколку маала во селата во општината. Како што истакна градоначалничката Соња Стаменкова изградбата и реконструкцијата на пристапните патишта во селските средини е предвидено со Програмата за работа од 2018 година.

– Фирмата изведувач „Стоименов“ ДООЕЛ – Кочани, започна со асфалтирање на пристапни патишта до Доганско маало и Цоцевско маало во село Дулица. Станува збор за пат со должина од 1055 метри и ширина на тампониран дел од коловозот од 5,5 метри со 3,5 метри асфалт. Финансиската вредност на овој проект е 6.847.871 денари, истакна Стаменкова.

Таа додаде дека е планирана и изградба на уште неколку пристапни патишта во останатите рурални средини, како и изградба на повеќе помали кракови, со цел обезбедување подобри услови за живеење на жителите и во руралните средини од општина Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна