Се гласа за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 за советници

Од:

На шестите локални избори во Македонија што се одржуваат денеска учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Пријавени се 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати за членови на советници на 327 листи.

Под реден број еден на избирачкото ливче е СДПМ, втора е Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четврта Коалицијата за Битола – ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Движење на национално единство на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10-та е ТМРО, 11-та е Демократската партија на Турците, ГРОМ е 12-ти, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13-та, БЕСА е 14-та, ДПА е 15, Левица е 16, ПДП е 17, Сојуз на Роми е 18, а СДСМ е 19-та.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител, ќе имаат ист реден број во сите општини.

Во трката за градоначалник на Град Скопје се осум кандидати, а поднесени се девет листи за советници. Кандидат за градоначалник на главниот град од Коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов, а од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник Коце Трајановски. Кандидат на Левица е Марија Јонес, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на БЕСА Нафие Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Најрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров. Советнички листи за Град Скопје имаат поднесено коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и ТМРО, ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците и НДМ.

Шестите локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ