Се формира ЈУ за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина

Од:

Одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина, донесе Владата на денешната 92. седница.

Како што соопшти владината прес-служба, со донесувањето на оваа Одлука за основање на оваа јавна Установа ќе се воспостави режим на заштита на Националниот парк Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк.

Собранието на 30 јуни, годинава, го донесе Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста. Со Националниот парк, согласно законот, треба да раководи Јавно претпријатие кое ќе работи според планот за управување со НП „Шар Планина“.

Би можело да ве интересира

Регистрирани две нови единки Балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Опасност од лавини на Шар Планина, постителите да се пријавуваат и да не се движат без водич

Редок момент: Снимени мајка рис и младенче на Шар Планина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасувачка акција на Шар Планина: Две Американки се изгубија, спасувачите ги бараа цела ноќ

ЦУК: Спасен чешки повреден скијач на Шар Планина

Горан Наумовски