Се договара вакцинираните во Србија да примат втора доза во Ниш или Врање од 17 до 20 јуни

Од:

Македонците вакцинирани во Србија кои примија од вакцината на „Астра зенека“ втора доза ќе примат во Србија. Министрите за здравство на Македонија и на Србија, Венко Филипче и Златибор Лончар, договараат место близу границата за да им олеснат. Министерот Филипче извести дека втората доза вакцинираните во Србија ќе можат да ја примат во рок од неколку дена на пунктови во Врање или во Ниш кои допрва треба да бидат утврдени.

„Утрово разговарав со министерот Лончар да се организира пункт поблиску до нашата земја, за поголем број граѓани вакцинирани во Србија да можат да ја примат втората доза меѓу 17 и 20 јуни. Тој зема обврска да го организираме тој процес. Детали ќе соопштиме кога ќе биде договорено. Веројатно вакцинацијата ќе се прави во некој од постојните пунктови во Врање или Ниш оти мора да се внимава на чување на вакцините и фрижидери. Ќе известиме кога ќе договориме конкретно“, рече министерот Филипче.

Во Србија пред три месеци вакцина за заштита од Ковид – 19 примија околу 15.000 Македонци, а најголемиот број од нив беа вакцинирани со вакцината на „Астра зенека“ која кај нас е забранета за лица помлади од 60 години.

Вакцинираните со други вакцини во странство добија можност преку нашиот систем за вакцинација да се појават за втора доза да примат дома. Министерот Филипче извести дека оваа можност ја искористиле само околу 1000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски