Се чистеше депонија на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино

Од:

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, дел од членовите на Советот и екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска ја чистеа дивата депонија на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино.

Акцијата за чистење е во рамки на кампањата што ја иницираше раководството на ЗЕЛС и се реализира во сите општини во државата.

Градоначалникот Јаневски истакна дека акцијата е продолжување на претходните кои се реализираа во општината.

– Апелирам до сите наши сограѓани да внимаваат каде го фрлаат отпадот. Во овој период многу внимателно ќе се набљлудува каде се врши фрлањето, но и инспекциските служби ќе се на терен и не би сакал да доаѓаме во непријатни ситуации да се изрекуваат казни. Сметам дека чистотата, зеленилото и уредениот град се наши приоритети, рече градиначалникот Коста Јаневски.

Од ЈПКД „Комуналец“ појаснуваат дека избраната локација за чистење е поради сздавање навика кај локалното население организирано да се изнесува и собира ѓубрето.

– Пред извесен период во населеното место Костурино почнавме со пробно собирање на сметот од домаќинствата и тоа два пати неделно. Целта е граѓаните да се стекнат со навика да го инесуваат сметот, а ние да го собираме. Затоа избравме заедно со општината да ја чистиме оваа депонија и се надевам дека во наредниот период нема повеќе тука да ги фрлаат ѓубрето и сметот, рече Зоран Горгиев, директор на ЈПКД „Комуналец“.

Тој додаде дека акцијата за чистење во општина Струмица ќе трае во текот на целиот месец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите